четврток, 7 мај 2026

Најмалку 12 лица загинаа во стампедо во светилиште во Индија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Дванаесет верници загинаа, а 14 се повредени во стампедо рано изутринава во храмот Мата Ваишно Деви“, рече високиот полициски службеник Мукеш Синг.

Сите повредени се хоспитализирани, додаде тој.

До стампедото дошло кога толпа луѓе која дошла да го прослави доаѓањето на новата година влегла во светилиштето.

„Исклучително сум тажен поради загубата на животи во стампедото“, стои во пораката со сочувство на премиерот Нарендра Моди.

Покрената е истрага за да се утврди како дошло до несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ