вторник, 2 јуни 2026

Најмалку 10 мртви во руски напади врз Украина (ВИДЕО)

Најмалку 10 лица загинаа за време на ноќта, повеќе десетици се повредени во руските напади врз неколку украински градови, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локалните власти.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку четири лица загинаа, а 51 се повредени во руски напад со ракети и дронови врз главниот град на Украина, Киев.

Во областа Оболонски е забележано паѓање на остатоци од беспилотно летало на отворена површина, во близина на градинка.

Во Дњепар загинаа шест лица, 36 беа повредени во напади во раните утрински часови.

Станбени згради и друга цивилна инфраструктура се оштетени во осум киевски општини.

Експлозии одекнувале во текот на поголемиот дел од ноќта и утрото.

Во населбата Подиљ, луѓето останаа заробени под урнатините кога делумно беа оштетени горните катови на една зграда.

Спасувачките операции се во тек, а во сила е и предупредување за воздушен напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ