Мајли за Фокс њуз кажа дека „неговата воена проценка е дека има шанси за граѓанска војна“.
По најавата за повлекување на американската војска од Авганистан, талибанците брзо ја преземаа контролата врз земјата, со исклучок на провинцијата Панџшир во која и понатаму се водат борби.
Американскиот генерал ја доведе во прашање способноста на талибанците, кои допрва треба да формираат влада, да управуваат со земјата.
„Мислам дека постои голема веројатност за граѓанска војна, а тоа тогаш би можело да доведе до повторно конституирање на Ал каеда или јакнење на Исламска држава и други терористички групи“, кажа Мајли.
Тој оцени дека јакнењето на терористичките групи би можело да се случи во следната година.
Западните земји стравуваат дека поради присуството на нивните војски во Авганистан во изминатите 20 години сега тие би можеле на мета на терористите.
САД соопштија дека и понатаму ќе набљудуваат и, ако треба, ќе нападнат сè што ќе проценат дека е закана за нивната безбедност во Авганистан.






