Според листата на одбиени кандидати што ја објави комисијата, Сеиф ал-Ислам Гадафи е дисквалификуван зашто претходно бил правосилно осуден. На одлуката на комисијата помладиот Гадафи може да вложи жалба.
Сеиф ел Ислам судот во Триполи во 2015 година го осуди на смрт поради употреба на насилство против демонстрантите, кои бараа неговиот татко да поднесе оставка, но ривалските власти на Либија ја довеле во прашање оваа одлука.
Меѓународниот кривичен суд распиша по него потерница поради обвинувањата за злосторства против човештвото во врска со бунтот против неговиот татко во 2011 година.
Претседателските избори во Либија требало се одржат на 24 декември, по повеќегодишните обиди под водство на Обединетите нации да се воведе демократија и да се заврши војната.






