вторник, 21 април 2026

На Фицо му е забрането да лета над Балтикот на пат кон Москва. Сега бара помош од Полјаците

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој доби покана да учествува на воената парада во Москва на Денот на победата на 9 мај, сега се обидува да стигне до Русија преку Полска. На овој потег се одлучил откако балтичките држави одбиле да му дозволат на неговиот авион да прелета над нивниот воздушен простор, пренесува полската новинска агенција ПАП.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Мацеј Вевиор, потврди дека Полска го примила барањето од Словачка за дозвола за летање со авионот на Фицо до Москва. Тој додаде дека барањето во моментов се разгледува.

Фицо пред два дена се пожалил дека Литванија и Летонија не му дозволуваат да помине низ нивниот воздушен простор за да присуствува на воената парада во Москва. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха јавно им се заблагодарил на Летонија, Литванија и Естонија за таквата одлука.

Ова не е прв пат словачкиот премиер да се соочи со вакви проблеми, балтичките држави го блокираа неговиот авион на пат кон Москва минатата година. Поради тогашната забрана за прелети над Балтичкото Море во тоа време, Фицо беше принуден да лета по јужната рута преку Унгарија, Романија, Црното Море и Грузија.

„Литванија и Летонија веќе објавија дека нема да ни дозволат да летаме над нивна територија. Зошто? Земјите-членки на Европската Унија не дозволуваат премиерот на друга земја-членка да лета над нивна територија“, рече Фицо, додавајќи дека сигурно ќе најде алтернативна рута, исто како минатата година кога Естонија го блокираше.

Роберт Фицо и сега веќе поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан долго време се сметаат за најсилни сојузници на Русија во рамките на Европската Унија. Двете земји постојано се спротивставуваат на обидите на Унијата да ја зголеми поддршката за Киев додека руската агресија врз Украина продолжува. Сепак, политичката карта на регионот се менува; Орбан загуби на неодамнешните избори на 12 април од Петер Маѓар, кој треба да ја преземе функцијата за неколку недели.

Додека повеќето европски земји го слават Денот на победата на 8 мај, Русија ги одржува своите големи воени паради еден ден подоцна. Фицо не се откажува од одењето во Москва и покрај постојаните апели од европските претставници за бојкот на настанот поради војната во Украина.

Покрај дипломатските тензии околу прелетувањето, Словачка ги затегнува и односите со Брисел поради казнените мерки против Москва. Додека Европската Унија го подготвува 20-тиот пакет санкции против Русија, официјална Братислава се заканува со блокада.

Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар јасно стави до знаење дека неговата земја е подготвена да стави вето доколку не добие цврсти гаранции во врска со гасоводот „Дружба“. Гасоводот, кој поминува низ Украина и носи руска нафта во Словачка, Братислава го смета за клучен за нејзината енергетска стабилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ