Голем дел од моќта на терористичкиот напад произлегува од моментот на изненадување. Способноста со сигурност да се предвиди кога и каде најверојатно ќе се случат напади потенцијално ќе го задуши теророт како алатка и ќе ги намали безбедносните трошоци.
Во студија објавена во петокот во Саенс адвансис, истражувачите подготвиле рамка што ги користи јавно достапните податоци за терористичките инциденти низ светот помеѓу 2002 и 2016 година за да открие кои фактори можат со сигурност да ги алармираат властите пред веројатниот напад.
Локациите на претходните напади имале најдобра предвидлива вредност – ако терористите сметаат дека една локација вреди да се нападне еднаш, има поголема шанса да вреди повторно да се нападне.
Освен тоа, густината на населението, времето на патување до најблискиот град, густината на патната мрежа и економската активност (делумно изразена во ноќното осветлување што може да се види преку сателит), сите одговараат на поголема веројатност за напад.
Во регионите со голема распространетост на тероризмот, моделот можел да предвиди до 51% од нападите една недела однапред.
За областите со мала распространетост на тероризмот – како што се САД, на пример – моделот е многу помалку способен да ги предвиди нападите, едноставно затоа што има многу малку податоци од кои може да црпи.






