Друго прашање кои исто така ќе биде тема на средбата е контроверзниот гасоводот Северен тек 2, на кој се противат САД а треба да биде завршен овој месец.
Портпаролот на Меркел Штефан Зајберт претходно неделава кажа дека разговорот во Москва „сигурно ќе се однесува на големите отворени меѓународни прашања“ како Авганистан и конфликтот во источна Украина „за чие решавање Русија може да направи многу повеќе“.
Тема ќе биде и Белорусија, која Зајберт ја окарактеризира како „држава, диктатор, кој на најлош начин му се спротивставува на својот народ и на која, како што веруваме, руското раководство има влијание“.
Посетата на Москва на Меркел доаѓа на крајот на речиси 16-годишното владеење со Германија.
Таа и Путин, кој од 2000 година е претседател или премиер на Русија, успеаја да ја одржат комуникацијата во текот на годините и покрај политичките разлики.
Меѓутоа, нивните односи се влошија од 2014 година, кога Русија го припои црноморскиот полуостров Крим и ги поддржа бунтовниците на истокот на Украина.






