четврток, 26 март 2026

Мерц: Ние веќе сме во конфликт со Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги осуди руските напади врз европската инфраструктура и обидите за поткопување на социјалната стабилност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Путин дестабилизира голем дел од нашата земја. Ние веќе сме во конфликт со Русија“, изјави Мерц за францускиот медиум Ла шејн инфо. Западните лидери постојано ја обвинуваат Москва за хибридни операции и саботажи низ целиот европски континент, насочени кон земјите што ја поддржуваат Украина.

„Сите се надеваме дека еден ден Русите и ние ќе бидеме добри соседи. Но, денес, за жал, сме многу, многу далеку од тоа“, продолжи германскиот лидер, додавајќи дека Путин сака да го „обнови Советскиот Сојуз“.

Откако ја презеде функцијата во мај, Мерц ја зголеми германската воена поддршка за Украина и зазеде построг став кон рускиот лидер. И покрај претходните ветувања, канцеларот се откажа од испраќање клучна воена опрема, како што се ракетите таурус.

Порано оваа недела, Њујорк тајмс и германскиот медиум Виртшафтс вохе објавија за сè поголема загриженост поради сомнителни летови на руски беспилотни летала над рутата на американското оружје во Германија. Службениците цитирани од медиумите ги претставија летовите како шпионажа на западното оружје што оди во Украина и можни подготовки за понатамошни саботажи во Европа.

Русија е осомничена дека стои зад подметнувањето пожари во Полска, Литванија и други места и саботажата на подводната инфраструктура во Балтичкото Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ