сабота, 25 април 2026

Маж во Виетнам осуден на затвор за ширење на коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет и осумгодишниот Ле Ван Три беше осуден за „ширење опасна заразна болест“.

„Тој отпатува во провинцијата Ца Мау од градот Хо Ши Мин и прекрши 21-дневен карантин. Зарази осум лица, од кои едно почина по еден месец лекување“, објавија медиумите во Виетнам.

Од почетокот на пандемијата, провинцијата Ца Мау објави само 191 случај на инфекција и два смртни случаи, многу помалку од градот Хо Ши Мин, со 260.000 заразени и повеќе од 10.000 загинати.

Виетнам беше една од земјите што успешно се бореа против пандемијата благодарение на масовното тестирање, следењето на заразените контакти и строгиот карантин. Но ситуацијата се влошува од април, кога повторно се појавија некои жаришта.

Повеќето од 536.000 заразени и 13.185 починати се регистрирани во изминатите неколку месеци.

Уште две лица беа осудени на затворска казна од една и пол и две години за кршење на карантинските правила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ