Зборувајќи на отворањето на ИУЦН светскиот конзервациски конгрес, францускиот претседател ги повтори предупредувањата на истакнатите научници дека човештвото мора да ги реши актуелните кризи со климата и природата заедно или нема да реши ниедно од нив, повикувајќи го светот да го надомести загубеното во превенцијата на загубата на биодиверзитетот.
„Нема вакцина за болна планета“, кажа Макрон, детално изнесувајќи ги итните планови за постепено прекинување на употребата на пестициди, сопирање на загадувањето со пластика и прекин на употребата на сирови материја поврзани со расчистувањето на шумите поврзани со синџирите за снабдување низ светот.
Во долгиот говор тој кажа дека светот мора да договори цели и да прифати финансиски обврски за природата еднакви на тие за климата, и кажа дека ќе инсистира поларните региони на Земјата да бидат признаени како заеднички глобални придобивки.
Илјадници научници, експерти за конзервација и функционери присуствуваат на конгресот во францускиот град на Медитеранот, кој е домаќин на настани кои се одржуваат и со физичко присуство и онлајн, за да се дискутираат и споделуваат идеи за заштита на природата.

Холивудскиот глумец и активист за заштита на природата Харисон Форд, зборувајќи во име на Конзервејшн интернешнал, оддаде почит на улогата на младите еколози во заштитата на природата и борбата против климатската криза.
„Засилувањата доаѓаат“, кажа Форд. „Тие седат во училниците сега, навлегувајќи во тематика за првпат, пишувајќи ги тезите, тие веќе предводат маршеви, организираат заедници, и учат како да ја претворат страста во прогрес и потенцијалот во моќ. Но тие сè уште не се тука. Ќе бидат за неколку години“.
Форд, страстен активист за заштита на Амазонија, ја истакна улогата на домородните заедници во заштитата на природата.






