четврток, 7 мај 2026

Лукашенко личност на годината во организираниот криминал и корупцијата

Објавено на

часот

Сподели

„Во уште една значителна година за корупцијата глобалниот независен совет го избра Александар Лукашенко за личност на годината во организираниот криминал и корупцијата“, се наведува и се додава дека ова е првпат во десет години одлуката да е донесена едногласно.

Последниот европски диктатор, како што го нарекуваат, Лукашенко во 1994 година беше избран како реформатор, но од тогаш, како што наведуваат, „насилно ја држи власта и покрај тоа што одамна падна во немилост на народот“. Тој тоа го направил „преку политичка контрола, железна рака, местење избори, мачење критичари и произволно апсење демонстранти – сè со поддршка од Кремљ“.

Се додава дека преку раширената корупција изградил огромен систем на патронажа кој му дава контрола врз економијата, а за да ја заштити таа корупција извршил груби кршења на човековите права.

Истакнуваат дека „Лукашенко е еден од многуте автократи кои ги користат корупцијата и насилството за да ја поткопаат демократијата и да ја задржат власта на неодредено време – предизвик со кој се соочуваат многу држави“.

Во текот на минатата и оваа година, се потсетува, Лукашенко дрско ги прекршил меѓународните норми, вклучувајќи го и создавањето мигрантска криза со ЕУ со тоа што „намамил илјадници бегалци на границата на Белорусија со Литванија, Летонија и Полска“.

Во мај годинава тој нареди приземјување на авионот на Рајанер во Минск, кој летал на линија Атина-Вилнус, за белоруските власти да го уапсат белорускиот активист Роман Проташевич, што предизвика гнев кај Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ