Лавров денес кажа дека Москва со САД „ќе го спроведат клучниот дел од преговорите“ веднаш по новогодишните празници, кои во Русија траат до 9 јануари.
Москва на Вашингтон и на НАТО неодамна им предаде нацрт безбедносни документи во кои бара НАТО да не ги прима во членството Украина и другите поранешни советски републики и да се откаже од разместување сили и воена опрема во централна и источна Европа. Вашингтон и американските сателити одбија да се обврзат на тоа, но наведоа дека се спремни на преговори.
Барањата, содржани во нацрт безбедносниот договор на Русија и САД и нацрт безбедносниот договор на Москва и НАТО, се понудени во време на сè поголеми тензии околу Украина.
Русија негира дека планира напад врз соседната земја, но бара гаранции дека НАТО нема да се шири кон нејзината граница и нема да распоредува оружје.
Лавров минатата недела кажа дека Москва, покрај преговорите со САД, ќе почне и преговори со НАТО за тоа прашање, како и посебни преговори под покровителство на ОБСЕ.






