петок, 8 мај 2026

Курти: Спремни сме за договор со Србија во текот на 2022

Објавено на

часот

Сподели

Тој во интервју за албански ТВ Клан кажа дека многу повеќе од Србија зависи дали ќе дојде до таков договор, бидејќи Косово е спремно.

„Договорите кои не подразбираат заемно признавање како центар на содржината, нормално, за нас не се прифатливи, но и никому не му се од корист“, кажа Курти.

Додаде дека постигнувањето конечен одговор би им користело на двете страни, бидејќи тоа, како што тврди, „би го забрзало процесот на интеграција на двете земји во европското семејство“.

„Србија сака да го продолжи европскиот пат, но тоа нема да го може брз признавање на Косово, а од друга страна Косово сака европски и евроатлантски интеграции и за тоа ни е потребна целосна нормализација на односите со Србија“, наведе Курти.

Меѓутоа, според него, Србија има дилеми околу интеграцијата во ЕУ.

„Србија има дилеми бидејќи има договор за слободна трговија со Русија, купува оружје од Русија и е дел од Евроазиската економска унија. Газпром има 50 отсто од нафтената индустрија на Србија и 51 отсто од најголемиот гасен басен во Војводина, па имаат дилеми додека сме ние на чист европски и западноевропски пат“, додаде косовскиот премиер.

Следната година, според косовскиот премиер, Косово ќе поднесе барање за статус кандидат за членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ