четврток, 7 мај 2026

Курц се откажа од 75.000 евра од државата

Објавено на

часот

Сподели

Курц за виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од своето право на тие примања.

Тој би имал право на 75 отсто од платата која е повисока од 15.000 евра бруто месечно, колку што примал на местото шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци, со божиќниот бонус, од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Сепак, Курц нема намера да поднесе барање за тие пари.

„Моето разбирање за политиката отсекогаш беше дека сакам да ѝ служам на државата и да работам за народот“, рече тој.

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе има само кратка пауза, а следната година, во првиот квартал, ќе се вработи во приватниот сектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ