четврток, 7 мај 2026

Кина воведе строг карантин во град со 13 милиони жители

Објавено на

часот

Сподели

Кина од минатата недела спроведува стратегија на „нулта стапка ковид“ во рамки на која прават сè за во најголема можна мера да го ограничат појавувањето на нови случаи на зараза, кои главно ги има едвај неколку десетици на ден.

Иако бројката може да изгледа смешна во однос на дневните податоци од другите делови од светот, таа ги поттикнува власти на двојно поголема претпазливост поради приближувањето на Зимските олимписки игри кои почнуваат на 4 февруари.

Пекинг, домаќинот на летните Олимписки игри 2008, ќе биде првиот град во светот во кој се одржуваат и зимски игри.

Деветстотини километри од Олимпиското село, во градот Сијан, на северот на земјата, епидемијата нагло се шири. За да спречат ширење на вирусот, жителите од четврток на полноќ (среда во 17 часот по средноевропско време) ќе мора „да останат дома, освен во случај на крајна нужда“, соопштија локалните власти.

Едно лице од секое домаќинство може да оди во набавка „секој втор ден“.

Сите компании кои не се од суштинска важност, освен трговските центри, локалните продавници и медицинските установи, добија наредба да се затворат.

Градот веќе имаше воведено значително ограничување на движењето, а во вторникот почна да го следи движењето на сите свои жители.

Дваесеттина станбени квартови беа превентивно изолирани, без да се знае бројот на лица опфатени со мерката.

Пред да биде објавена информацијата за воведување на карантинот, жителите на Сијан мораа од вчера наутро да имаат дозвола за влез и излез од градот.

Кина, каде пред две години беа откриени првите случаи на ковид-19, досега добро ја контролираше епидемијата на својата територија. На почетокот на декември Кина јави за првиот случај на омикрон варијантата на коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ