вторник, 28 април 2026

Кина тврди дека целосно вакцинирала од ковид над милијарда жители

Објавено на

часот

Сподели

Најбројната земја на планетата, со 1,4 милијарди жители, каде коронавирусот прво се појави на крајот на 2019 година, поделила вкупно 2,16 милијарди вакцини, им кажа на новинарите висок функционер на министерството за здравство.

Кина беше и првата земја која излезе од пандемијата во пролетта 2020 по усвојувањето радикални мерки, вклучувајќи општо тестирање и речиси целосно затворање на своите граници.

И понатаму има спорадични избивања на ограничени жаришта на зараза, како во последните денови во источната провинција Фуџијан каде дневно се пријавуваат околу 50 случаи на зараза.

Официјалниот број на починати од ковид останува 4.636.

Земјата на крајот на минатата година почна вакцинација на населението главно со две вакцини кои се даваат во две дози на лабораториите Синовак и Синофарм.

Се поставува прашањето за стапката на ефикасност на тие вакцини особено кон поотпорните соеви на вирусот како што е делта сојот.

Пекинг засега не одобри продажба на странски вакцини на својата територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ