Здравствените власти во северниот кинески пристанишен град Тијанџин идентификувале и изолирале заразено лице пред да стапи во контакт со општата популација. Станува збор за патник кој пристигнал од странство на 9 декември, објавија кинеските медиуми.
Инфицираното лице е идентификувано како асимптоматски носител, а со последователно секвенционирање на геномот е потврдено дека се работи за омикрон варијантата.
Заразеното лице сега е во изолација во болница, се вели во извештајот.
Омикрон варијантата брзо се шири, предизвикувајќи тревога низ целиот свет и поттикнувајќи ги владите да воведат нови ограничувања. Новиот вид е потврден во повеќе од 50 земји ширум светот откако за прв пат беше откриен во Јужна Африка кон крајот на минатиот месец.






