„Околу тврдењата на американските функционери дека Кина драматично ги проширува своите нуклеарни капацитети, прво, дозволете ми да кажам дека тоа е неточно“, кажа високиот функционер на кинеското министерство за надворешни работи Фу Цонг.
Конференцијата за новинари беше одржана еден ден откако Кина, САД, Русија, Британија и Франција со заедничка декларација ветија дека ќе „спречат понатамошно ширење“ на нуклеарното оружје.
Американското министерство за одбрана во ноември соопшти дека Кина го шири својот атомски арсенал побрзо од претходно предвиденото и дека до 2030 година би можела да има над 1.000 боеви глави.
САД имаат 3.750 парчиња нуклеарно оружје.






