Ким за прв пат облече кожен капут во 2019 година, а оттогаш тој дел од облеката станал популарен меѓу елитата на Северна Кореја, која сакала да ја покаже својата лојалност кон лидерот, објави „Дејли мејл“.
Неодамна, сепак, имитациите станале се почести и „модната полиција“ била испратена да ги затвори продавниците што продаваат кожни капути и да ги соблекуваат од луѓето на улица, поради загриженоста дека овие „фалсификати“ би можеле да го направат изгледот на Ким евтин и да му го поткопаат авторитетот.
„Полицијата вели дека носењето капут со цел некој да изгледа како лидер е ‘непримерен тренд’ со кој се оспорува авторитетот на Ким. Власта ѝ порача на јавноста да не носи кожни капути, бидејќи тоа е дел од партиската директива, да одлучи кој може да ги носи“, изјави извор за Радио „Фри Азија“.
Слични верзии на капутот како првото на Ким почнале да се појавуваат во септември оваа година, кога неофицијално повторно е отворена трговијата меѓу Кина и Северна Кореја, по паузата од пандемијата.
Ова им овозможило на трговците да почнат да набавуваат синтетичка кожа и да прават капути.
Радио „Фри Азија“ тврди дека имале увид во документи за увоз од претходните месеци од кои се гледа дека биле увезени десетици метри материјал.






