четврток, 28 мај 2026

Кенија: Најмалку 10 ученички загинаа во катастрофален пожар (ВИДЕО)

Во пожар во дом за ученици во кенискиот регион Накуру загинаа најмалку 10 ученички, објавија медиумите, повикувајќи се на висок полициски службеник.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Спасувачки екипи го пребаруваат домот на женското јавно средно училиште „Утумиши“, каде што пожарот избувнал околу 1 часот наутро по локално време, изјави Самуел Ндањи, командант на регионалната полиција, според извештајот на радио станицата Капитал ФМ.

„Станува збор за вознемирувачка и тажна ситуација“, изјави окружниот полициски службеник Масуд Мвињи пред вознемирените родители собрани пред училиштето, пренесува Ситизен Телевижн.

Пожарникарите и полицијата беа распоредени за да го локализираат пожарот и да ги евакуираат другите ученици, додаде Капитал ФМ. Причината за пожарот сè уште не е позната.

Во 2024 година, 21 ученик загинаа во пожар во основно училиште, односно интернат, во блискиот округ Њери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ