петок, 8 мај 2026

Казахстанската влада падна поради цените на горивата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата со солзавец и шок-бомби синоќа ги избрка стотиците демонстранти од главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, а судирите продолжија со часови во разни делови на градот.

Протестите го нарушија имиџот на Казахстан како политички стабилна држава под строг надзор, со кој привлекуваше стотици милијарди долари странски инвестиции во нафтата и индустријата на железо во трите децении независност.

Токаев од владата и покраинските гувернери побара повторно да ја ограничат цената на природниот гас, бензинот, дизелот и на сите општествено важни потрошувачки стоки.

Ѝ нареди на владата и да разработи закон за личен банкрот и да размисли за замрзнување на цените на комуналните услуги и да воведе поддршка за киријата на сиромашните семејства. Кажа дека ситуацијата се поправа во градовите погодени од протестите откако прогласи вонредна состојба со полициски час и ограничување на движењето.

Протестите почнаа во неделата, по укинувањето на ограничувањето на цената на течниот гас, популарното гориво за автомобилите, откако цената повеќе од двојно се зголеми. Токаев прогласи вонредна состојба и кажа дека за насилството се виновни домашни и странски провокатори.

[video:https://youtu.be/1Dvs6mE6vPI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ