петок, 8 мај 2026

Канада на домородците им одземала деца, сега ќе им плати 40 милијарди долари отштета

Објавено на

часот

Сподели

Договорите вклучуваат 20 милијарди канадски долари за потенцијално стотици илјади деца на староседелците кои биле одземени од семејствата и немале пристап до јавните услуги или им бил отежнат.

Дополнителни 20 милијарди долари се предвидени за реформа на системот за социјална грижа во следните пет години. Еден канадски долар е околу 43 денари.

Канадската влада минатиот месец соопшти дека за отштета ќе издвои 40 милијарди долари, но деталите ги откри дури вчера. Договорот доаѓа речиси 15 години откако здружение на канадски староседелци поднесе тужба за кршење на човековите права.

Децата на староседелците се непропорционално застапени во старателската грижа низ државата. Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но повеќе пати одбиваше да плати отштета и да финансира реформи.

Ова е најголемата финансиска спогодба од тој вид во канадската историја, а конечниот договор мора да се финализира до 31 март годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ