четврток, 26 март 2026

Калас: Русија нема да ги добие замрзнатите средства без да плати репарации

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас изјави дека враќањето на руските средства замрзнати во рамки на Европската унија поради војната во Украина без Русија да плати воени репарации е незамисливо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме ни да замислиме дека, доколку има прекин на огнот или мировен договор, овие средства ќе ѝ бидат вратени на Русија без да плати репарации“, изјави Калас пред новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Според податоците на ЕУ, околу 210 милијарди евра руски средства се замрзнати во Унијата како дел од санкциите воведени на Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Украина и некои членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска и балтичките држави, повикуваат на запленување на овие средства и нивно користење за поддршка на Киев.

Сепак, најголемите членки на ЕУ, како што се Франција и Германија, како и Белгија, каде што се наоѓаат повеќето од средствата, ги отфрлија ваквите предлози.

Тие истакнуваат дека Унијата веќе го наменила идниот профит од тој имот за отплата на помошта за Украина и го доведуваат во прашање постоењето на законска основа за конфискација.

Според дипломатите, дебатата сега сè повеќе се фокусира на тоа како средствата би можеле да се користат по завршувањето на војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ