До тој износ се дошло сметајќи ги познатите недвижности, подвижниот имот и уметничките дела во Хрватска и во Босна и Херцеговина, а кои со Бандиќ ги поврзал Жупанискиот суд во Загреб и сопственички се расфрлани на неколку страни, вклучувајќи го неговиот брат Драго Бандиќ, но и семејството Брзица од Имотски, пишува Јутарњи.
Како што се наведува, судот на Бандиќ му припишал четири стана во Загреб со вредност од околу 10 милиони куни, викендичка во Самобор, уметнички дела и олдтајмери, а има и имот во Херцеговина од 10 милиони куни.
Приказната за „митскиот имот“ на Милан Бандиќ, на кој во целост е речиси невозможно да му се влезе во трага, ја почна неодамна неговата сопруга Весна Бандиќ, која за Јутарњи кажа дека наскоро би можела да остане без сè.
На неа, според официјалните податоци, ѝ припаѓа само дел од проценетиот имот на Бандиќ, бидејќи не може да постигне договор со братот на својот покоен сопруг.
Од јавните катастарски податоци се гледа дека на Весна Бандиќ официјално гласат само две недвижности, половина стан во Загреб и викендичка во Самобор.
За три недвижности, станови во различни делови на Загреб, Весна Бандиќ тврди дека никогаш не слушнала и дека не се појавиле во неговиот имот.






