Новинската агенција Кјодо објави дека околу 1,63 милиони дози се повлечени од претпазливост.
Јапонската фармацевтска компанија Такеда фармасутикал, задолжена за продажба и дистрибуција на вакцини во земјата, рече дека ќе ги проучува извештаите за безбедноста на вакцините со три бар кодови.
Дел од количината од 1,63 милиони дози се распределени во 863 центри за вакцинација и се веќе искористени, се додава.
„До денес, нема извештаи за недоследности во безбедноста или ефикасноста на вакцината“, рече претставник на Модерна за Кјодо њуз, додавајќи дека компанијата ќе спроведе темелна истрага.
Јапонското министерство за здравство рече дека дозите се произведени во иста производствена линија во исто време во Шпанија и верува дека нема „значајни“ опасности по здравјето.
Министерството, исто така, ги објави броевите од трите бар кодови: 3004667, 3004734 и 3004956 за поединци да можат да проверат дали добиле доза од тие пратки.
Во Јапонија, повеќе од 10 милиони дози на вакцината Модерна се употребени откако беше одобрена за употреба во мај, соопшти владата.






