петок, 8 мај 2026

Јапонија и Австралија потпишаа договор за одбранбена соработка

Објавено на

часот

Сподели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и австралискиот премиер Скот Морисон одржаа виртуелен самит за да склучат договор кој се подготвува веќе неколку години.

Австралија работи со Јапонија, Индија, Соединетите Држави и Велика Британија за зајакнување на одбранбените врски поради загриженоста од Кина, вклучувајќи го нејзиниот притисок врз Тајван, слободата за пловидба во регионот и трговските спорови.

Договорот за реципрочен пристап (РАА), првиот што Јапонија го склучила со една земја, ќе им овозможи на австралиските и јапонските армии непречено да соработуваат во одбранбените и хуманитарните операции, рече Морисон.

„Јапонија е нашиот најблизок партнер во Азија, за што сведочи нашето специјално стратешко партнерство, единственото такво партнерство на Австралија – рамноправно партнерство на взаемна доверба меѓу две големи демократии посветени на владеењето на правото, човековите права, слободната трговија и слободен и отворен Индо-Пацифик“, рече Морисон на церемонијата на потпишувањето.

Единствениот друг воен сојуз што Јапонија го склучи со Соединетите Држави е договорот за статусот на силите од 1960 година кој на САД им овозможува бази за воени бродови, борбени авиони и илјадници војници во и околу Јапонија како дел од сојузот што САД го опишуваат како основа за регионална безбедност.

„РАА е важен договор што отвора ново поглавје за напредна одбранбена и безбедносна соработка на сложениот свет што брзо се менува, нешто што и вие и јас многу добро го разбираме“, му рече Морисон на Кишиди.

Морисон пред состанокот рече дека се потребни посилни врски со Јапонија „за да се соочиме со нова и уште попредизвикувачка средина, особено во Индо-Пацификот“.

Кишида требаше да отпатува за Австралија во четврток, но се откажа од патувањето за да се справи со порастот на случаите на ковид-19 во Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ