четврток, 7 мај 2026

Израелските археолози најдоа богатство меѓу остатоци од бродови во Медитеранот (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Тие пронајдоа голем број потонати ризници и стотици римски и средновековни сребрени монети.

Локалитетот се наоѓа во морето недалеку од античкиот град Цезареја.

„Сѐ беше пронајдено во последните два месеци за време на подводното истражување спроведено од Одделението за морска археологија на израелската управа за антиквитети.“

Меѓу другите артефакти пронајдени на локацијата во близина на античкиот град Цезареја има фигурини, ѕвона, керамика и метални артефакти што некогаш им припаѓале на бродови, како што се шајки и скршено железно сидро.

Израелската управа за антиквитети го истакна откривањето на римски златен прстен, чиј скапоцен камен е издлабен со лик на овчар што на рамениците носи овца.

„На скапоцениот камен е изгравиран ликот на „добриот овчар“, кој е навистина еден од најраните симболи на христијанството“, рече Роберт Кол, шеф на одделот за монети, кој го нарече предметот „исклучителен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ