четврток, 7 мај 2026

Израел почна да дава четврта доза вакцина

Објавено на

часот

Сподели

Медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив објави дека нивното испитување ќе „фрли светлина“ на ефективноста на четвртата доза и ќе им помогне на носителите на одлуки да ја одредат здравствената политика во Израел и во странство, пренесува Ројтерс.

Експертска комисија од израелското Министерство за здравство препорача да им се понуди четврта доза од вакцината „Фајзер/Бионтек“ на Израелците постари од 60 години што првата засилувачка доза ја примиле пред најмалку четири месеци.

Конечното одобрување на генералниот директор на министерството сè уште се чека, во екот на јавната расправа за тоа дали има доволно научни информации за да се оправда нова засилувачка доза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ