петок, 8 мај 2026

Израел купува воени авиони и хеликоптери од САД. Сè ќе платат Американците

Објавено на

часот

Сподели

Израел се договори со американската влада за купопродажба на дванаесет хеликоптери ЦХ-53K од Локхид Мартин и два транспортни авиони Боинг КЦ-46 за полнење гориво во лет, пренесува дпа.

Вкупната вредност на купопродажбата се проценува на околу 3 милијарди долари. Првите хеликоптери треба да пристигнат во 2026 година, а Израел неодамна побара од САД да ја забрзаат испораката на авиони за полнење гориво во лет, пишува Њујорк Тајмс.

Сегашната флота на израелски воздушни танкери е стара над 50 години, пишува истиот медиум. Новиот КЦ-46 ќе му даде на Израел поголем домет и можности бидејќи тие авиони и самите можат да примаат гориво во лет.

Тоа би било клучно за евентуален напад на нуклеарните потенцијали на Иран. Но, САД тврдат дека првите авиони не можат да пристигнат пред крајот на 2024 година.

Њујорк Тајмс пишува и дека тие ќе бидат платени со средства на американските даночни обврзници, односно годишната воена помош на Вашингтон за Израел.

САД минатата година му дадоа на Израел помош од 3,8 милијарди долари, главно за воени цели.

Годишната обврска беше воведена за време на владеењето на поранешниот претседател Барак Обама, кој во 2016 година потпиша договор за десетгодишна помош во вредност од 38 милијарди долари, пишува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ