четврток, 16 април 2026

Израел ги повика младите да се вакцинираат

Објавено на

часот

Сподели

Израел ја прошири можноста за вакцинирање и на адолесценти минатиот месец, а заразата нагло опадна во последните недели.

Од вкупно 9,3 милиони жители, одзивот за вакцинација запре на 55 проценти, што укажува на тоа дека возрасната популација во голема мера престанала да се вакцинира.

Но, враќањето на ковид-19 бил забележан во две училишта минатата недела, придонесувајќи за дневно зголемување на стапката позитивни меѓу тестираните лица од месечниот просек од 0,1 процент на 0,3 проценти во саботата и 0,6 проценти во понеделникот, покажаа податоците на министерството.

Министерството најверојатно ќе издаде препорака за вакцинирање на адолесценти на возраст од 12 до 15 години, рече Нахман Еш, национален координатор за борба со пандемијата.

„Мислам дека дефинитивно тоа би било правилно во оваа фаза, кога гледаме избувнување на делта варијантата во земјата“, рече тој на радио.

„Не треба да чекаме да се зголемат бројките. Видовме дека одреден број деца се заразија во текот на изминатата недела“.

Покрај тоа, израелските власти соопштија дека размислуваат за воведување казни за родителите чии невакцинирани деца не одат во самоизолација по пристигнувањето во земјата од странство, како што се наложува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ