петок, 8 мај 2026

Италијански мафијаш бил во бегство 20 години, полицијата го пронашла на Гугл мапс

Објавено на

часот

Сподели

Џоакино Гамино (61) живеел под лажно име во Галапагар, Шпанија. Инспекторите на Гугл мапс виделе човек пред продавница за овошје и зеленчук кој личел на него, пишува Си-ен-ен.

„Ги потврдивме резултатите на истрагата со фотограм“, изјави Никола Алтиеро, заменик-директор на италијанската Регионална канцеларија за борба против трговија со дрога (ДИА).

Гамино, член на сицилијанската мафијашка група наречена Стида, избега од затвор во Рим во 2002 година, а во 2003 година беше осуден на доживотен затвор за убиство што го изврши неколку години претходно.

Алтиеро рече дека Гамино моментално е во притвор во Шпанија и дека се надева дека ќе биде донесен во Италија до крајот на февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ