петок, 8 мај 2026

Истражување: Б-клетките имаат многу значаен ефект врз омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Како што телото учи да го препознава САРС-КоВ-2, било по природна инфекција или по вакцинација, Б-клетките произведуваат свежи антитела против вирусот ако нема доволно антитела што циркулираат во крвта што можат да го неутрализираат.

Б-лимфоцитите или Б-клетките им припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма-клетки што лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“, кој може да се приспособи на нови или изменети патогени.

Б-лимфоцитите заедно со Т-лимфоцитите играат витална улога во одбраната на телото. Нивната главна функција е по активирањето и преминувањето во плазма-клетки да произведуваат антитела (имуноглобулини) и да преминат во категоријата мемориски клетки.

Ако Б-клетките се активираат преку овие тела на туѓи антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки што произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот.

Б-клетките произведуваат антитела само кога се активирани

Приближно 5 до 15 проценти од лимфоцитите во крвта се Б-клетки, а тие се присутни и во слезината, лимфните јазли и крајниците. Нивната примарна функција е производство и лачење на антитела. Б-лимфоцитите произведуваат антитела само кога ќе се активираат. Созревањето на Б-лимфоцитите се одвива во коскената срцевина, но нивното активирање се случува во лимфните јазли.

Во студија објавена на веб-страницата биоАрхив, која допрва треба да се рецензира, истражувачите ја анализирале јачината на повеќе од 300 антитела произведени од мемориските Б-клетки, добиени од вакцинирани доброволци, но и луѓе што природно ја преболеле инфекцијата со корона.

„Омикрон се чини дека успеал да избегне многу голем дел од мемориските Б-клетки“, велат истражувачите, но додаваат дека „се чини дека сè уште ефикасно го препознаваат 30 отсто од вкупните антитела и близу 10 отсто од сите моќни неутрализирачки антитела“, заклучиле Матје Махевас и Паскал Шапер, научници од Универзитетот во Париз.

Тие веруваат дека силната способност на мемориските Б-клетки да се репродуцираат и да произведуваат антитела може да ја надомести нарушената ефикасност на овие антитела за помалку од два дена.

Во комбинација со другите компоненти на имунолошкиот систем, особено со Т-клетките, ефектот на Б-клетките веројатно придонесува во објаснувањето зошто повеќето вакцинирани лица заразени со омикрон не се разболуваат во толкава мера за да им биде потребна хоспитализација, велат француските научници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ