четврток, 23 април 2026

Истрагата потврди: Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо сексуално вознемирувал жени

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата утврди дека Куомо вознемирувал сегашни и поранешни државни службенички. Исто така, утврдено е дека гувернерот и неговиот тим ѝ се одмаздиле на поранешната вработена која со обвинувањата излезе во јавноста, пренесува Ен-би-си њуз.

„Гувернерот Куомо сексуално вознемирувал неколку жени“, рече денеска јавната обвинителка Летиција Џејмс.

Куомо, кој сега отслужува свој трет мандат, во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за сексуално вознемирување. Меѓу обвиненијата имало и наводи за несоодветно допирање и бакнување без согласност на другата страна.

Куомо призна дека можеби се однесувал така што некои луѓе се чувствувале непријатно. Тој рече дека не го направил тоа намерно и се извини. Подоцна додаде дека неговите постапки не би требало да се класифицираат како сексуално вознемирување.

Тој постојано нагласува дека нема намера да поднесе оставка поради обвинувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ