четврток, 4 јуни 2026

Илон Маск би можел да стане првиот човек во светот со богатство од еден трилион долари

Илон Маск би можел да стане првиот човек во светот со богатство од трилион долари ако неговата компанија за истражување на вселената Спејекс излезе на берза, се наведува во извештајот на аналитичарите на Морган Стенли. Според анализата, Спејсекс би можел да достигне вредност од трилион долари, што би го зголемило богатството на Маск, во комбинација со неговите други средства, над таа граница, пренесува Скај њуз.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Аналитичарот Адам Џонс го опиша Спејекс како „компанија водена од мисија“ и потенцијално „највредната компанија во светот“. Во белешка до клиентите, тој истакна дека проценката на Спејекс би можела да достигне трилион долари.

„Повеќе клиенти изјавија дека ако Илон Маск стане првиот трилионер, тоа нема да биде поради Тесла“, напиша Џонс. „Други велат дека Спејекс на крајот би можел да стане највредната компанија во светот, без оглед на индустријата.“

Џонс верува дека огромниот потенцијал на Спејсекс се базира на два главни сегменти: основното работење во истражување на вселената и сателитската интернет услуга Старлинк. Токму Старлинк го гледа како клучен двигател на идната вредност на компанијата.

“Спејсекс ги оспорува сите досегашни поими за тоа што е можно и во кои временски рамки може да се постигне, без разлика дали станува збор за ракети, лансирни возила или помошна инфраструктура“, рече тој.

Џонс, исто така, го опиша Спејсекс како „машина за човечки капитал“ што привлекува врвни инженерски таленти. „Како што рекол еден клиент: Да се зборува за универзумот пред Старшип е како да се зборува за интернетот пред Гугл”, се додава во извештајот.

Илон Маск поседува околу половина од Спејсекс, што значи дека неговиот удел би вредел околу 500 милијарди долари ако компанијата достигне проценета вредност од 1 трилион долари. Заедно со други средства, вклучувајќи ги и акциите на Тесла, ова би го направило првиот трилионер.

Во времето на објавата анализата, Маск веќе беше најбогатиот човек во светот со нето вредност проценета на повеќе од 200 милијарди долари, надминувајќи го основачот на Амазон, Џеф Безос. Маск одговори на предвидувањата за неговото идно богатство со кратка објава на емотиконот „(*_*)“ на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ