сабота, 25 април 2026

Хаос во Гвинеја, специјалните единици на војската тврдат дека ја презеле власта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претходно денес можело да се слушне пукање со огнено оружје во близина на претседателската палата во престолнината Конакри. Како што јавува Ројтерс, неколку извори потврдиле дека за немирите е одговорна елитната воена единица која ја предводи поранешниот француски легионер Мамади Думбија.

Британската агенција јавува дека неидентификуван војник, наметнат со знамето на Гвинеја и опкружен со осум вооружени војници, изјавил дека се планира формирање преодна влада и дека деталите ќе бидат објавени подоцна.

Објавата била емитувана откако на социјалните мрежи се појавија снимки од претседателот Алфа Конеда кого во спалната соба го опкружиле припадници на специјалните сили. Ројтерс не успеале да ја потврдат веродостојноста на снимките.

Министерството за одбрана на Гвинеја соопшти дека обидот за пуч е задушен.

„Претседателската стража, која ја поддржаа војници лојални на државните одбранбени сили ја спречи заканата и ја одби групата напаѓачи. Акциите продолжуваат за да се воспостави мир“, се наведува во соопштението на министерството.

Ројтерс јавива дека пред реакцијата на гвинејското министерство за одбрана се објавени снимки од патролирање на воени возила по улиците на Конакри.

Гвинеја е поранешна француска колонија која внатрешна самоуправа стекна во 1956, а независност беше прогласена во 1958 година.

Актуелниот претседател Алфа Конде е на власт од 2010 година. Во 2011 преживеа атентат. Во февруари 2013 година во земјата насилно беа задушени протестите на опозицијата.

[video:https://youtu.be/3k_VYtbxDC8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ