„Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која се соочува човештвото. Додека се бориме со оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната“, напиша Гутереш на Твитер.
„На овој Меѓународен ден за подготвеност за епидемии, ајде на ова прашање да му ги дадеме фокусот, вниманието и вложувањата што ги заслужува.“
Тој ги повика сите да посветат поголемо внимание на ова прашање.
Првиот Меѓународен ден на подготвеност за епидемии беше одбележан на 27 декември минатата година, откако ОН и Светската здравствена организација (СЗО) се согласија дека треба да се залагаат за потребата од подготвеност и превенција од епидемии.
За време на брифингот за новинарите минатата недела, генералниот директор на СЗО предупреди дека сеопфатните програми за зајакнување на вакцините против ковид-19 може да ја продолжат пандемијата и да ја зголемат нееднаквоста.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=mlOZv_aDOls autoplay:0]





