„Денес на Цетиње бевме сведоци на големиот срам на Српската православна црква и владата на Црна Гора, срам незапаметен во долгата историја на црногорската држава, како и во историјата на вкупното православие. Со брутална злоупотреба на државните ресурси, пред сè војската и полицијата, и целосно непримерна употреба на сила против мирно собраните граѓани во црногорската Престолнина, владата на Црна Гора обезбеди насилна интронизација на митрополитот Јоаникие, спротивно на волјата на огромно мнозинство на граѓани на Цетиње и значителен број граѓани на Црна Гора. Само човек без достоинство би си дозволил на таков начин со хеликоптерски десант на црногорската Престолнина и под заштита на панцирни ќебиња да биде внесе во Цетињскиот манастир, и на тој начин да го посрами тронот на Свети Петар Цетињски.
Цетиње уште еднаш беше на висина на задачата како многу пати во историјата на Црна Гора. Мирно собраните граѓани на Цетиње на решителен и одговорен начин им направија чест и достоинство на својот град и својата држава. За тоа најдобро сведочи дека без оглед на значителни провокации кои ги трпеа, собраните граѓани не си дозволија во ниеден момент да ги загрозат мирот и стабилноста на градот и Црна Гора, и да ги загрозат животот и здравјето на кој било од собраните граѓани, вклучувајќи ги припадниците на органите за безбедност на Црна Гора.
Пирова е оваа победа на владата која и понатаму непримерно им служи на големодржавните интереси и СПЦ како ударна тупаница на големосрпскиот национализам против Црна Гора. Може да се каже дека ова е крај на почитта која досега СПЦ ја уживаше во црногорската Престолнина и во нашата држава. Така и ѕвоната кои можеа да се слушнат по интронизацијата и кои требаше да бидат во чест на новиот митрополит на СПЦ на Цетиње, всушност беа ѕвона за упокојување на мисијата на СПЦ и цетињската митрополија во црногорскиот престолен град“, се наведува во обраќањето на Ѓукановиќ.






