четврток, 7 мај 2026

Грција поради короната ги забрани сите јавни прослави по повод празниците

Објавено на

часот

Сподели

Ова го соопшти министерот за здравство Танос Плеврис на државното радио.

Дополнително, повторно е задолжително носење заштитни маски, а во супермаркетите и јавниот превоз се задолжителни маски КН95 или по две медицински или платнени маски.

За влез во државата потребно е да се покаже негативен тест. ПЦР тестот не треба да биде постар од 72 часа, а антигенскиот од 24 часа.

Плеврис исто така ги повика патниците да направат брз тест вториот и четвртиот ден по влегувањето во земјава.

Во Грција во средата се регистрирани 5.641 новозаразени, а една недела порано 4.801.

Досега во таа земја се откриени 29 случаи на варијантата омикрон.

Владата предупреди дека здравствениот систем е под голем притисок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ