Сепак, локализирани карантини, само за оние што ќе останат невакцинирани, може да бидат воведени ако не се подобри епидемиолошката ситуација.
Во интервју за Скаи ТВ во четвртокот, Јоргиадис истакна дека оние грчки граѓани што се вакцинирани нема да се соочат со ограничувања, бидејќи тие се комплетно заштитени од вирусот.
„Има вакцинирани лица што немаме право да ги ограничуваме. Тоа е прашање на принцип: оние што се вакцинирани не може да бидат ограничени, бидејќи не се во опасност“, рече тој.
Како причина за тоа, Јоргиадис рече дека ако пандемијата излезе од контрола, тоа ќе има не само здравствени последици, туку и последици врз економијата.
„Тоа ќе има очигледно влијание врз економијата во време кога таа оди добро“, додаде тој.
Во согласност со тоа, министерот посочи на можен карантин за оние што не се вакцинирале.
Земјата сега има илјадници нови случаи секој ден, исто како и во екот на кризата пред неколку месеци.
Грчките епидемиолози соопштија дека предвидуваат следните седум до десет дена да има нова експлозија на случаи.
Јоргиадис го повтори новото правило дека „невакцинираните не можат да одат во затворени простории“, како што се ресторани и клубови.
Новата мерка ќе стапи во сила од денесла.
Вчера имаше демонстрации против мерките во Атина, Солун и помалите грчки градови.






