Наредбата стапува на сила во среда и ќе ги обврзува лекарите од приватниот сектор да работат 15 дена за државата.
Таа се однесува на лекарите со специјализација во областите патологија, пулмологија и анестезиологија во четири региони на северот на Грција, каде државните болници немаат доволно персонал.
Експертите го обвинуваат омикрон сојот за огромното зголемување на бројот на нови инфекции, осум пати повеќе од средината на декември.
Бројот на новозаразени во Грција достигна рекордни нивоа во последните десет дена и го зголеми притисокот врз јавните установи.






