вторник, 28 април 2026

Грција го занемарува школувањето на децата на бегалците и емигрантите

Објавено на

часот

Сподели

Организацијата Сејв д чилдрен и грчкиот Совет за бегалци оценија дека на повеќе од 20.000 деца им е потребно школување и додадоа дека ситуацијата е влошена поради коронавирусот.

Организациите наведуваат дека бројот на децата бегалци кои одат во училиште е „скандалозно низок“, поради недостигот од персонал и превоз, но и поради нетрпението на локалното население.

Помалку од 15 отсто од децата во бегалските кампови официјално посетуваат настава, а многу авганистански и ирачки деца никогаш не оделе во училиште, се наведува во извештајот на двете организации и се додава дека ситуацијата дополнително се влошила со мерките за ограничено движење во камповите поради коронавирусот.

Грчките деца минатата година имаа школување на далечина, но децата кои живеат во објектите за сместување бегалци се целосно исклучени од овој систем, поради недостиг од интернет врски и компјутери, се додава во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ