Портпаролката на Министерството, Лана Зохиу, денеска во изјава за новинарите го „повтори цврстиот став на Грција во поддршка на напорите за праведен и одржлив мир во Украина“, нагласувајќи, сепак, дека почитувањето на меѓународното право, слободата на пловидба и заштитата на морската средина се услови за кои не може да се преговара, пренесе атинската телевизија СКАЈ.
Зохиу, исто така, рече дека „ниту една војна не завршува со нејзино проширување“, што, според СКАЈ, е „порака до Киев дека претворањето на грчките мориња во бојно поле на руско-украинската војна нема да се толерира“.
Грчката страна доставила усен протест минатиот четврток до Амбасадата на Украина во Атина, а писмен протест ден подоцна до Министерството за надворешни работи во Киев.
Во грчкиот демарш се наведува дека присуството на вооружен дрон во грчките територијални води создало сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, што би можело да доведе до загуба на човечки животи и да предизвика големи штети врз животната средина.
Атина дополнително изразува длабока загриженост поради можноста воените операции од руско-украинскиот конфликт да се пренесат во Средоземното Море, укажувајќи дека тоа би можело директно да ја загрози безбедноста на Грција и да има негативни последици врз економската активност и поморскиот сообраќај.
Грција објаснува дека, иако го признава правото на Украина на самоодбрана, тоа не може да биде основа за дејствија што ги загрозуваат трети земји и меѓународните поморски патишта.
Затоа го повикува Киев да избегнува такви активности и да не ги проширува воените операции на подрачјето на Средоземното Море.
Украинскиот вооружен поморски дрон бил пронајден од рибари на 7 мај на островот Лефкада, популарно туристичко одморалиште во Јонското Море, во близина на западниот брег на Грција.
❗Ukrainian 🇺🇦 USV drone spotted in Greece 🇬🇷.
A stranded Ukrainian “Magura” type drone was spotted by fishermen off the island of Lefkada in the Ionian Sea.
It’s worth noting that on March 18th, the Ukrainian Armed Forces carried out a covert operation off the coast of Malta… pic.twitter.com/NFsLGTUoQz
— chris papakofopoulos (@christosKoffas) May 8, 2026
Генералштабот на грчките вооружени сили го информирал министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис дека дронот е украински, а тој ја информирал високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Каја Калас.
Минатата недела, за време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Лимасол, Кипар, Герапетритис разговараше за ова и со својот украински колега, Андриј Сибих, кој беше гостин на состанокот.
Дрон со мотор кој сè уште работел е пронајден во делумно потопена крајбрежна пештера на Лефкада.
Министерот за одбрана на Грција, Никос Дендиас, на 20 мај во Брисел, пред состанокот со своите колеги од ЕУ, изјавил дека дронот носел големо количество експлозив и дека тоа претставува многу сериозен проблем.
Откако бил пронајден, дронот го преземала од војската, а минатата недела беше објавено дека носел 100 килограми експлозив, кој бил деактивиран.
Според грчките експерти, обликот на дронот е таков што ја насочува експлозијата за да потопи брод што ќе го погоди.
На задната страна од дронот има камера, а на предната страна е антена за американскиот сателитски интернет систем Старлинк, преку која операторот ја следи сликата што ја пренесува дронот и ја контролира од далечина.
Украинските поморски дронови ги напаѓаат руските бродови во Црното Море и Средоземното Море, вклучувајќи ја и Грција, во неговиот северен дел. Украинските сили досега погодија три танкери во близина на Турција, од кои два минатата недела, но не потопија ниту еден од нив.
Првичните проценки покажаа дека станува збор за дрон „Магура В3“. Се верува дека дронот пронајден во Грција можеби се оддалечил од поголема група дронови или бил сам и го променил курсот поради слаб сигнал.






