Две жени ги убија нивните мажи во рок од пет дена, со што бројот на таквите убиства од јануари порасна на 17. Двајцата мажи ѝ кажале на полицијата дека ги убиле сопругите од страв дека ќе ги напуштат.
Во момент кога Грција е потресена поради бруталноста на убиствата, сè погласни се повиците за законодавна акција против она што го сметаат за злосторство од омраза.
Поранешниот премиер и лидер на опозицијата Алексис Ципрад кажа дека времето истекува. „Гадењето и гневот не се доволни. Време е за акција“, кажа тој.
Драматичниот пораст на семејното насилство, на што придонесоа пандемијата и месеците на изолација, е проследен со низа брутални убиства, а од почетокот на годината грчките медиуми известуваа дека жртвите се застрелани, претепани, задавени, задушени и дека многу партнери ги признаа убиствата.
Во ноември владата од десниот центар реагираше со почнување јавна кампања повикувајќи ги жртвите на семејно насилство и родово насилство да истапат и отворајќи телефонски линии и центри за помош.
Неодамнешните измени на кривичниот закон овозможија изрекување најстроги казни за убиствата на жените, а извршителите повеќе не можат да се повикуваат на олеснителни околности надевајќи се на поблага казна доколку убиството се прогласи за „злосторство од страст“.
Министерството за правда исто така планира реформа на законот за семејно насилство. Грчката министерка за родова рамноправност Марија Сиренгела кажа дека мерките се без преседан. Таа за Гардијан кажа дека вџашува тоа што во случаите на фемицид мажите во Грција можат да тврдат дека биле испровоцирани, или дека станува збор за злосторство од страст, кога всушност станува збор за крајно покажување сила над жените.
„Ќе бидеме една од првите држави во Европа која ќе има закон кој се однесува на фемицидот“, кажа таа.






