четврток, 7 мај 2026

Граѓаните на Косово се најсиромашни во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Косовската агенција за статистика, косовско семејство во просек за една година троши 7.803 евра, односно 1.511 евра по глава на жител, што граѓаните на Косово ги прави најсиромашни во Европа и во регионот, пренесуваат косовските медиуми.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, просечниот приход по глава на жител во земјите на Европската Унија е 35.800 долари, додека на Косово е 4.442 долари.

Според податоците на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи го Косово, потребни им се 40 до 200 години да го достигнат просекот на бруто домашниот производ на ЕУ по глава на жител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ