вторник, 28 април 2026

Граѓаните на ЕУ ја сакаат Меркел за претседател на Унијата

Објавено на

часот

Сподели

Меркел синоќа беше во посета на Макрон, последен пат пред изборите во Германија на 26 септември, и на работната вечера во Елисејската палата разговараа за Авганистан по повлекувањето на западните војски, ситуацијата во Сахел каде што двете земји учествуваат во воени мисии, како и за претседателските избори во Франција во мај следната година, пренесува Дојче веле.

Во пресрет на оваа средба, беа објавени резултатите од анкетата на истражувачкиот центар на Европскиот совет за надворешни односи од Брисел, според која 41% од граѓаните на ЕУ ќе ја избереле Ангела Меркел за „претседател на Европската Унија“ доколку постоеше таква функција.

Како што е наведено, се чини дека граѓаните на ЕУ го претпочитаат начинот на кој Ангела Меркел ја води политиката во однос на пристапот на Емануел Макрон.

Меркел го победила Макрон во сите 12 земји-учеснички во анкетата, а Макрон добил само 14 проценти од гласовите.

Во Франција 32% би гласале за Германката, а само 20% за шефот на својата држава, и, како што пишува ДВ, интересно е што Макрон во Унгарија, каде што 24% од граѓаните биле за него, добил повеќе поддршка отколку во својата земја.

Меркел е особено популарна меѓу Холанѓаните – 58 проценти од граѓаните би ја избрале неа, додека Макрон би добил само шест проценти од гласовите таму, во Австрија 34 проценти би гласале за Меркел, 14 проценти за Макрон. Другите испитаници биле неодлучни или не сакале да гласаат.

Авторите на студијата констатираат дека „фактот што Меркел е толку попопуларна од Макрон не само во Холандија и Шпанија, туку и во Португалија и Данска, покажува колкава може да биде интегративната моќ во различни делови на ЕУ“.

„Нордиските штедливи држави и земјите на југот на ЕУ честопати имаат дијаметрално спротивни ставови за многу аспекти на европската политика, особено за економските и финансиските прашања. Бидејќи поддршката на Меркел е силна и во двата табора, се чини дека таа успеа да ја пренесе пораката дека е посветена на решавање на проблемите и на едните и на другите, позиционирајќи ја Германија како обединувачка сила“, пишува ЕЦФР.

Според истражувачкиот центар од Брисел, анкетирани биле вкупно 16.267 луѓе од 12 земји на ЕУ – Германија, Франција, Холандија, Данска, Шведска, Италија, Португалија, Шпанија, Австрија, Полска, Унгарија и Бугарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ