Новиот закон, изгласан во септември минатата година, стапува на сила денес и забранува, меѓу другото, пластични „стапчиња за уши, есцајг, чинии, сламки, лажички и чаши“.
Забранети се и некои полистиренски амбалажи кои се користат за пакување храна.
Германскиот закон ја применува европската директива усвоена во 2018 по повеќе месеци преговори меѓу членките на ЕУ со која беа забранети повеќе различни категории пластика.
Според Европската комисија, производите на кои е насочена директивата претставуваат 70 отсто од ѓубрето кое завршува во океаните и на плажите.
Продажбата на постоечките залихи би требало да остане дозволена и по 2021 година.






