Сите пет тела биле пронајдени во саботата во семејна куќа недалеку од Берлин, соопшти обвинителството во Бранденбург.
40-годишниот татко во пораката рекол дека на сопругата ѝ обезбедил лажна пропусница за вакцината против коронавирусот.
Меѓутоа, нејзиниот шеф дознал за измамата и планирал да истражи сè, изјавил за АФП портпаролот на обвинителот Гернот Бантлеон.
„Таткото очекуваше дека тој и неговата сопруга ќе бидат затворени и дека нивните деца ќе бидат одземени“, рекол Бантлеон, пренесува германски Локал.
Инспекторите веруваат дека мажот ги убил децата од четири, осум и десет години и сопругата, а потоа си го одзел животот.
Соседите повикале брза помош откако ги виделе безживотните тела во куќата.
Германските власти постојано предупредуваа за ширењето лажни сертификати за вакцинација против коронавирусот, во земјата што е особено тешко погодена од последниот смртоносен бран на коронавирусот во споредба со нејзините соседи.






