вторник, 28 април 2026

Французите гневни: Австралија ни заби нож во грбот

Објавено на

часот

Сподели

Новиот пакт наречен Аукус се доживува како обид овие земји дека се здружат против сè поголемото јакнење на Кина, но неговата прва конкретна последица е раскинување на договорот кој Австралија претходно го склучи со Франција за испорака на конвенционални подморници, што предизвика негодување на Париз, пренесува Би-би-си.

Кина денес објави дека овој договор го смета за крајно неодговорен, а портпаролот на министерството за надворешни работи Зао Лиџијан кажа дека тој сериозно го нарушува регионалниот мир и стабилноста и ја засилува трката во вооружување. Кинеската амбасада во Вашингтон исто така реагираше и им порача на Вашингтон, Лондон и Канбера да се ослободат од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди.

Новиот пак, исто така, отвори спор со Франција, која сега изгуби договор со Австралија за изградба на 12 подморници.

„Тоа е навистина нож во грбот“, го коментираше францускиот министер за надворешни работи Жан Ил Ле Дријан овој договор за радиото Франс инфо.

Новото партнерство на трите земји најавено синоќа на заедничка видео-конференција за новинарите на американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и австралискиот премиер Скот Морисон.

Австралија преку договорот ќе ја добие првата нуклеарна подморница во рамки на партнерството за безбедност, кое овозможува трите земји да разменуваат информации и технологија во повеќе области, вклучувајќи вештачка интелигенција, сајбер просторот, подводни системи и капацитетите за напади со долг дострел.

Канбера во 2016 година ја избра француската Навал груп, за стратегиско партнерство вредно 40 милијарди евра за изградба на нова подморничка флота планирана да ги замени нејзините повеќе од две децении стари подморници „Колинс“, што претставуваше една од најголемите одбранбени зделки во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ