петок, 5 јуни 2026

Фон дер Лаен: Војната во Украина станува закана за сите земји на источната граница на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денес изјави дека војната на Русија против Украина станува закана за сите земји на источната граница на Европската Унија, по експлозијата на поморски дрон во романското пристаниште Констанца на Црното Море.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Една недела откако беспилотно летало се урна во станбена зграда во Галац, денес во пристаништето Констанца пристигна поморски дрон. Ова е директна последица од војната на Русија против Украина. Таа сè повеќе станува директна закана за земјите на нашата источна граница“, предупреди фон дер Лаен на платформата Икс.

Таа рече дека солидарноста на Европската Унија со сите земји-членки изложени на вакви закани е „апсолутна“ и бара „итен одговор“.

“Европа масовно вложува во капацитети против дронови, противвоздушна одбрана и системи за рано предупредување. Механизмот за јакнење на одбраната СЕЈФ ќе помогне во изградбата на посилна Романија”, изјави претседателката на ЕК.

Поморско беспилотно летало експлодираше денес во близина на нафтен терминал во пристаништето Констанца. Романското Министерство за одбрана соопшти дека во инцидентот нема жртви ниту повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ