Властите изјавија дека 33-годишниот напаѓач Брајан Рајли очигледно има ментални проблеми и додаваат дека со недели на девојката ѝ зборувал дека може директно да комуницира со бог.
По жестоката размена на оган со Рајли, кој е уапсен, полицијата пронајде 11-годишно девојче со повеќе влезни рани и тела на четири убиени лица.
Меѓу нив има 40-годишен маж, најверојатно несреќен минувач, 33-годишна мајка и нејзиното тримесечно бебе, како и нејзината 62-годишна баба, која живеела во соседната куќа.
Рајли, кој бил војник во Ирак и Авганистан, најверојатно случајно ги избрал жртвите, велат властите.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=AK_icriNO2E autoplay:0]





